Габонецот Обамејанг во претходниот период се поврзуваше со заминување од Арсенал, но сега може да се случи пресврт во ситуацијата.
Со недели веќе англиските медиуми пишуваат дека Обамејанг е пред заминување. Меѓутоа сега се најавува пресврт во ситуацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спорт“ пренесува дека Обамејанг би можел да го продолжи договорот со Арсенал.
Напаѓачот има 30 години и важечки договор до летото 2021 година со клубот од Лондон. Претходно информациите гласеа дека „топџиите“ се спремни да го пуштат за сума од околу 60 милиони евра.
Сепак, сега се тврди дека Обамејанг изразил желба да остане. Како и да е работите сигурно ќе бидат појасни по завршувањето на сезоната која во овој момент е во прекин поради пандемијата со коронавирусот.