Дома Фудбал Англија Премиер лигата направи профил на кој ќе ги објаснува ВАР одлуките во живо

Премиер лигата направи профил на кој ќе ги објаснува ВАР одлуките во живо

Премиер лигата денеска отвори нов профил на социјалнaта мрежа, „Х“ на кој ќе ги објаснува ВАР одлуките во сезоната која започнува за два дена.

Сето ова е како реакција на критиките за одредени ВАР одлуки во минатата сезона. Според најавата на профилот ќе се обезбедува објаснување скоро во живо додека во тек се натпреварите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Ќе се објавуваат „фактички објаснувања за судиските одлуки на теренот и учеството на видео судијата, вклучувајќи ја и улогата на технологијата во процесот на одлучување“, се додава во соопштението.

Од Премиер лигата објаснија дека идејата ја реализирале на овој начин бидејќи ФИФА не дозволува аудио снимките од разговорите на судиите да одат во живо во ТВ преносите.

Објавите на профилот ќе бидат направени директно од Центарот за натпревари во Премиер лигата, лоциран на „Стокли Парк“ во Лондон. Станува збор за оперативен центар на Премиер лигата. Поврзан со сите 20 стадиони, ВАР центарот и радиодифузерите кои емитуваат натпревари ширум светот.

Новата сезона во Премиер лигата започнува во петок, со дуелот помеѓу Фулам и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…