Дома Топ вести Премиерлигашите се „тепаат“ за овој напаѓач!

Премиерлигашите се „тепаат“ за овој напаѓач!


Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓


Медиумите на Острвот пренесуваат дека англиските гиганти покажуваат сериозен интерес за крилниот напаѓач на Рен и француски репрезентативец, Пол Жорж Нтеп.

Нтеп има 24 години, роден е во Камерун но игра за француската репрезентација, а игра како лево крилно.

Арсенал и Саутемптон веќе од поодамна покажаа интерес за овој фудбалер, но медиумите тврдат дека најконкретен е Ливерпул, бидејќи Клоп бара засилување токму на таа позиција.

Договорот на Нтеп со Рен истекува на крајот на сезоната, па клубот ќе мора да го продаде во јануари доколку сака да заработи на неговото заминување.

„Црвените“ веќе работат на трансферот и многу веројатно дека крилниот напаѓач ќе пристигне на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал спреми 100 милиони за Лаутаро

Unboxing: Што е ново во студиото на BMG Network!? ↓↓↓ Приоритет на Реал Мадрид во летниот …