Работнички одигра реми без голови против лидерот Шкендија, а денес следи дуел со второпласираниот тим на табелата, Шкупи. Напаѓачот Никола Прелчец кој во зимскиот преоден рок го засили нашиот клуб од редовите на Борец, смета дека Шкупи во моментот не е поквалитетен од сегашниот тим на Работнички. Очекува „романтичарите“ да освојат бодови на утрешното гостување.
„Секоја чест за Шкупи, тоа е тим кој се бори за самиот врв на табелата, но исто така и имаше многу промени во кадарот во текот на зимската пауза. Мислам дека во моментот Работнички е најмалку на исто рамниште по квалитет и доколку одиграме тактички мудро и ги исполниме задачите на тренерот Александар Влахо можеме да оствариме позитивен резултат“, порачува Никола Прелчец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот од 22.коло во Првата фудбалска лига меѓу Шкупи и Работнички е закажан за утре, со почеток во 14 часот, на комплексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Ставрев.
Фото: ФК Работнички