Дома Македонски спорт Прекината традиција долга 60 години: Годинава нема да има Охридски маратон!

Прекината традиција долга 60 години: Годинава нема да има Охридски маратон!

На точно 60-годишнината од одржувањето на првиот Охридски Маратон на релација Пештани-Струга-Охрид кој е во должина од 36 километри оваа година тој нема да се одржи.

Информацијата се пренесе после средбата на првиот човек на пливачката федерација Горан Стојановски и претседателот Стево Пендаровски.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„На средбата се разговараше за реализираните активности на Националната пливачка федерација, за организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план, како и за идните планови на федерацијата.

Првиот човек на НПФ информираше дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата и ги образложи причините поради кои е донесена таа одлука, а се поврзани со блокираната сметка на федерацијата и финансиското работење на претходното раководство“, стои во соопштението по средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…