Дома Луд Спорт Преживеаниот новинар ја опиша авионската трагедија на Шапекоенсе!

Преживеаниот новинар ја опиша авионската трагедија на Шапекоенсе!

Рафаел Хензел е еден од шестмината преживеани во трагичната авионска несреќа во Колумбија, во која загина скоро целиот тим и стручниот штаб на Шапекоенсе.

Хензел бил еден од 20-те новинари кои со клубот патувале во Меделин, каде Шапикоенсе требаше да го одигра првиот меч од финалето во Копа Судамерикана, против Атлетико Насионал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Атмосферата беше одлична, славеничка. Летот кон Меделин беше нормален сѐ до силната турболенција и алармот кој го вклучи стјуардесата. Најпрвин го продолжија летот за 10 минути и тогаш започнавме да се прашуваме дали е сѐ во ред. Потоа пилотот неколку пати зборуваше преку разгласот и секогаш велеше дека ќе слетаме за 10 минути“.

„Потоа ненадејно се изгаснаа светлата, но нас никој не нѐ извести што се случува. Не знаевме дека останавме без гориво и дека ќе мораме принудно да слетаме. Кога се изгаснаа светлата во авионот завладеа мртва тишина. Моторите престанаа да работат и беше застрашувачки. Неколку моменти потоа авионот се урна“, опиша Хензел.

Хензел од преживеаните бил спасен претпоследен, тој се разбудил од шокот кога покрај него минувале спасувачите.

„Ме слушнаа како викам. Седиштето ми беше заглавено меѓу две дрвја. Седев во редот со двајца колеги, јас бев во средината, тие загинаа. Имав неверојатна среќа што преживеав“, заврши новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Легендарниот фудбалер Зико ограбен на Олимписките игри, останал без 500.000 евра

Бразилската фудбалска легенда Зико бил жртва на кражба во Париз, каде што учествува во дел…