Дома Фудбал Италија Преговорите помеѓу Милан и Донарума „запнаа“ околу клаузулата

Преговорите помеѓу Милан и Донарума „запнаа“ околу клаузулата

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Скај Италија“ пренесува дека Мино Раиола оваа недела ќе допатува во Милано и ќе има средба со раководството на „росонерите“.

Милан со новиот договор спрема значително зголемување на платата и ќе го направи Донарума најплатен играч во тимот со 8 милиони евра по сезона.

Проблем во преговорите е што Раиола инсистира во договорот да биде ставена откупна клаузула и тоа од 30 милиони евра.

Милан не се согласува со тоа и е спремен да стави откупна клаузула, но не пониска од 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Избран најдобриот фудбалеер во Премиер лигата во ноември!

Фудбалерот на Брентфорд, Игор Тијаго, е прогласен за најдобар играч на Премиер лигата во н…