Дома Трансфер зона Преговорите започнати: ПСЖ спреми понуда за Милинковиќ-Савиќ

Преговорите започнати: ПСЖ спреми понуда за Милинковиќ-Савиќ

Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.

„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат ПСЖ и Реал Мадрид.

Спортскиот директор на „светците“ веќе стапил во контакт со агентот на Сергеј, Кежман и започнал преговори за трансфер на Србинот во Париз.

ПСЖ се обиде да го доведе Савиќ и пред две години, тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, меѓутоа сега во ПСЖ се спремни да понудат најмногу 70 милиони евра за неговиот потпис.

Ситуацијата на трансфер пазарот се промени, цените на фудбалерите паднаа, а самиот СМС инсистира да го напушти Лацио, што може да го забрза неговиот трансфер во Париз.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манџукиќ се враќа во Италија и тоа во најголемиот ривал на Јувентус

Марио Манџукиќ пред неколку дена спогодбено го раскина договорот со катарскиот клуб и во м…