Дома Останати Прв тренинг на новиот тренерско-тенисерски тандем Ѓоковиќ-Агаси

Прв тренинг на новиот тренерско-тенисерски тандем Ѓоковиќ-Агаси

Вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ и официјално почна да работи со својот нов тренер Андре Агаси.

Првиот заеднички тренинг Ѓоковиќ и Агаси го имаа вчера на терените во „Роланд Гарос“ во Париз, каде в недела и официјално ќе стартува вториот овосезонски Гренд слем турнир, Отвореното првенство на Франција.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фотографии на двајцата поранешни најдобри тенисери во светот, сега во улога на играч и на тренер, ги преплавија социјалните мрежи и се денешна топ тема од тенисот.

Новак Ѓоковиќ по ланскиот триумф на „Ролан Гарос“ се соочи со голем пад и криза во кариерата, во која по серијата слаби резултати ја загуби водечката позиција на АТП листата.

Србинот неодамна ја прекина соработката со тренерот Марјан Вајда и со целиот тренерски тим со кој работеше долго време и тргнува во нов почеток под водство на Андре Агаси, со кој ќе се обиде да го одбрани трофејот во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Муратоглу: Ѓоковиќ стои зад своите ставови, дури и кога сите се против него

Патрик Муратоглу, познатиот тениски тренер, нагласи дека има огромна почит кон сè што прав…