Хафтхор Јулис Бјорнсон стана првиот човек во историјата кој успешно подигна повеќе од половина тон.
Исланѓанецот кој го глумеше ликот со име „Планина“ во популарната серија „Игра на тронот“ успеа во воздух да подигне дури 501 килограм.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
„Пресреќен сум што во време кога светот се бори со пандемијата успеав да направам нешто. Задоволен сум што успеав. Се чувствувам добро, не сум повреден. Можеби можев да кренам повеќе, но што е поентата? Моето семејство и јас сме среќни поради“, изјави Бјорнсон.
Претходниот рекорд го држеше Еди Хал со 499 килограми кој го постави во 2016 година.