Златан Ибрахимовиќ има 39 години и веќе две децении игра професионален фудбал на високо ниво.
Денес Ибрахимовиќ доби уште едно признание за неговите неверојатни настапи кои ги прикажува, избран е за најдобар фудбалер во годината во неговата Шведска.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Оваа награда Златан ја добива 12-ти пат во карерата и апсолутен рекордер во неговата земја. Ниту еден друг Швеѓанец не ја освоил оваа награда повеќе од два пати.
Сепак, треба да се спомене дека Ибра ја освојува наградата првпат по 2016 година.