
Неверојатна сцена беше видена за време на натпреварот меѓу Германија и Парагвај во шеснаесеттина финале на Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Парагвајците приредија сензација и ги исфрлија четирикратните светски шампиони на пенали, но за време на нивниот натпревар беше виден необичен детал.
Таа ситуација експресно почна да се шири на социјалните мрежи, а на неа беше забележан снајперист кој беше позициониран на покривот на стадионот.
Оваа сцена ја објави американскиот инфлуенсер Кејден Дејвис, кој заедно со приложеното видео напиша:
„Дали некогаш сте барале снајперисти на било кој американски спортски настан?”, праша Дејвис.
Оваа цена е невообичаена во Европа, кога се играат најголемите натпревари во организација на УЕФА, поради што навивачите беа многу изненадени.