Италијанскиот стратег Клаудио Раниери го спрема првото јануарско засилување за екипата на Фулам.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој пред неколку недели на клупата на лондонскиот клуб го замени Јокановиќ, а очигледно сфатил дека му е потребен еден добар штопер, па тргна во потрага и го најде доста брзо.
Англиските медиуми пренесуваат дека Кејхил е блиску до трансфер во Фулам и за почеток во клубот ќе дојде на позајмица.
Да потсетиме, Маурисио Сари му даде јасно до знаење на Кејхил дека не смета на неговите услуги, а со оглед на тоа дека Челси има 41 играч на позајмица, зошто да нема и 42?
Инаку, Кејхил во оваа сезона одигра седум натпревари за тимот од Стемфорд Бриџ.