Дома Трансфер зона Првото засилување за Гатузо пристигнува од Лондон

Првото засилување за Гатузо пристигнува од Лондон

Џенаро Гатузо вчера го имаше своето деби на клупата на Наполи и авантурата ја започна со болен пораз од Парма.

Наполи игра лоша сезона во Серија А, па јасно е дека на тимот му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок, а откриена е првата трансфер мета.

Станува збор за играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира кој е најголема желба на тренерот Гатузо. Раководството сака да му ја исполни желбата и спрема понуда од 25 милиони евра.

Тореира има искуство во Серија А, каде со успех го носеше дресот на Сампдорија од каде се пресели во Арсенал.

Уругваецот имаше одлична прва сезона на „Емирати“, но оваа сезона го загуби местото во стартниот тим и е спремен да се врати во Серија А.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона одбила 100 милиони за Ансу Фати

Претседателот  на Барселона, Жосеп Бартомеу одбил богата понуда за 17-годишниот талент Анс…