Дома Фудбал Италија Први информации за повредата на Ди Марија познато колку ќе паузира

Први информации за повредата на Ди Марија познато колку ќе паузира

Анхел Ди Марија не е сериозно повреден.

Аргентинецот во солзи го напушти теренот во првото полувреме од мечот со Макаби во Хаифа, а денеска стигнаа првите информации за неговата ситуација.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Според првите прогнози, Ди Марија ќе отсуствува околу три недели, што значи дека ќе биде подготвен за Светското првенство, но и дека Јуве нема да може да смета на него во клучните натпревари до паузата.

Ди Марија ќе го прескокне дербито со Торино, потоа тешкото гостување во Лисабон, кај екипата на Бенфика и дербито со Пари Сен Жермен во последното коло од Лигата на шампионите, како и дуелите со Емполи и Лече.

Во овој момент не може да се каже дали ќе биде спремен за дербито со Интер кое се игра на 6. ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ДРАМА ВО МИЛАНО: Дали Интер ќе остане без својот најдобар стрелец среде сезона?!

Галатасарај не се откажува од Хакан Чалханоглу! Откако летниот трансфер пропадна поради пр…