Дома Фудбал Првиот човек на Ла Лига: „Ел Класико“ не губи, губат Меси и Роналдо

Првиот човек на Ла Лига: „Ел Класико“ не губи, губат Меси и Роналдо

За прв пат после 11 години овој викенд ќе се игра „Ел Класико“ во кое нема да учествуваат Роналдо и Меси, како изгледаа составите на Барса и Реал тогаш можете да погледнете – тука.

Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека со неучеството во еден од најголемите дерби натпревари во светот, губат Меси и Роналдо, а не „Ел Класико“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Со неучеството во „Ел Класико“ губат Меси и Роналдо. Дербито нема загуба, мислам дека и понатаму ќе биде на највисоко ниво, овој натпревар е поголем од секој поединец. Натпреварот помеѓу Барса и Реал е највредниот производ на Ла Лига и вистина е дека сакаме уште такви натпревари, но треба да работиме и на „Ел Класико“ за да добиеме повеќе фанови ширум светот“, изјави Тебас.

Ова ќе биде и првото „Ел Класико“ во кое судиите ќе можат да ја користат ВАР технологијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума: Сити беше првата и единствената моја желба

Џанлуиџи Донарума истакна дека единствената желба му била да ја продолжи својата кариера в…