Дома Фудбал Останато По информациите дека неговиот татко е во вештачка кома се огласи синот на Љупко Петровиќ

По информациите дека неговиот татко е во вештачка кома се огласи синот на Љупко Петровиќ

Синот на познатиот Љупко Петровиќ, Срѓан се огласи по повод медиумските шпекулации за здравствената состојба на својот татко.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претходно информациите беа дека Петровиќ е во вештачка кома, но сега неговиот син носи добри вести.

„Тато од ден во ден е се подобро“, изјави младиот Петровиќ, па продолжи:

„Докторите се оптимисти, специјалистичкиот преглед е охрабрувачки и се надеваме на најдоброто. Сепак, процесот на опоравувањето би можел да трае и со месеци“, изјави Срѓан.

Љупко Петровиќ неодамна доживеа сообраќајна несреќа на обиколницата околу Белград кога од непознати причини возеше во спротивната лента и се судри со друг автомобил. По сообраќајката му бил направен алкотест, но алкохол во крвта не бил утврден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голема драма на Светското првенство: Зошто беше поништен голот на Хрватска? ФИФА објави доказ

Португалија ја елиминираше Хрватска со резултат 2:1 во 1/16 финалето на Светското првенств…