Дома Останати Ракомет Потрес во ракометниот свет: Цело семејство Душебаеви од Кјелце во Пик Сегед?!

Потрес во ракометниот свет: Цело семејство Душебаеви од Кјелце во Пик Сегед?!

Ракометниот клуб Кјелце го „тресе“ голема финансиска криза и иднината на полскиот гигант е под знак прашалник. Клубот е во потрага по главен спонзор, но засега најавите не се добри.

Ситуацијата во Кјелце ја следат многу големи тимови и сигурно ќе се обидат нешто да искористат.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Последните информации се дека првиот сериозен чекор го направил Пик Сегед. Според информациите на полските медиуми раководството веќе има подготвено понуда за целото семејство Душебаеви.

Унгарскиот шампион сака да ги доведе Алекс и Даниел, како и нивниот татко Талант за тренер.

Рокот за спас на Кјелце истекува до крајот на јануари и тогаш работите би требало да бидат многу појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Во Еурофарм Пелистер мотиварни: Вечерва сакаат да стават крај на серијата без победа во европската елита

Eкипата на Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот ќе се обиде да стави крај на долгата н…