Дома Фудбал Останато Потписот на Мурињо беше одлична вест и за Тотенхем

Потписот на Мурињо беше одлична вест и за Тотенхем

Во следната сезона Португалецот Жозе Мурињо ќе има нов предизвик, Жозе се враќа во Серија А каде што ќе ја предводи Рома.

Фановите на „волчицата“ искажаа големо воодушевување што во клубот конечно дојде големи за тренер. Меѓутоа потписот на Мурињо ги радува и во Лондон.

Имено, „Телеграф“ објави дека Тотенхем бил должен во наредните 18 месеци да му исплати 16 милиони фунти, но тоа ќе беше можно само ако Мурињо не потпишеше со друг клуб. Во случај каков што е сега значи дека Жозе го раскинал договорот.

Проценката е дека со потписот за Рома Мурињо на Тотенхем му „заштедил“ околу 13 милиони фунти.

Официјални податоци колку Мурињо ќе заработува во Рома се уште нема, но медиумите во Италија денес на големо пишуваа дека станува збор за договор на три години со плата од седум милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…