Дома Фудбал Англија Потер: Историја на клубот кажува се, Челзи е голем чекор за мене

Потер: Историја на клубот кажува се, Челзи е голем чекор за мене

Томас Тухел неодамна доби отказ од Челзи, а на негово место седна Грахам Потер кој во редовите на „сините“ доаѓа од Брајтон со кого одлично ја започна сезоната.

Денес Челзи го промовираше Потер и се надева дека тој ќе биде долгорочно решение. Брајтон во првите кола се покажа како вистинско освежување, ќе видиме како ќе му оди во Челзи.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„За мене ова е возбудлив почеток, импресиониран сум од визијата на газдата со клбуот. Историјата на клубот кажува се, сакам да направиме многу работи заедно и да испишеме нова историја. Доаѓањето тука е голем чекор за мене, предизвик е да работите со одлична група на фудбалери со каква што располага Челзи“.

„Сакам да се бориме за врвот и да направиме победнички тим. На ова исто така гледам како на голема шанса за мене“, изјави Потер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Радост во Наполи, се враќа Лукаку

Ромелу Лукаку се приклучи на тренинзите на Наполи и постои можност да заигра во Суперкупот…