Дома Трансфер зона Потврдено: ПСЖ купи стопер од Германија за 37 милиони евра

Потврдено: ПСЖ купи стопер од Германија за 37 милиони евра

Иако тимот на Пари Сен Жермен се поврзуваше со трансфер на Жером Боатенг на крајот овој клуб доведе стопер од редовите на Шалке.

Тимот на Шалке потврди дека е постигнат договор со ПСЖ за трансфер на 21 годишниот Тил Кехер.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Во текот на вчерашниот ден постигнавме договор со ПСЖ. Шалке не можеше да ја одбие понудата од Париз. Преостанува само уште усниот договор да го пренесеме на хартија. Се ќе биде решено во текот на оваа недела. Му посакуваме на Кехер среќа во понатамошната кариера“, соопштија од Шалке.

Сумата за која ПСЖ ќе го купи овој стопер изнесува 37 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…