Дома Фудбал Англија Потврдено: Мурињо веќе го избрал новиот клуб!

Потврдено: Мурињо веќе го избрал новиот клуб!

0

Жозе Мурињо веќе десет месеци е без тренерски ангажман и работи како стручен коментатор на телевизија.

„Специјалниот“ после отказот од Манчестер Јунајтед доби многу понуди, но сите ги одби бидејќи сака да работи на амбициозен проект и да се бори за трофеи.

Последната понуда која ја одбил е од Лион, тоа го потврди претседателот на францускиот клуб и истакна дека Мурињо веќе го избрал својот нареден клуб.

„Бевме во контакт и разменивме неколку СМС пораки. Мурињо беше пријатен, но ја одби нашата понуда бидејќи веќе го избрал својот нов клуб“, изјави претседателот на Лион.

Англиските медиуми се сигурни дека станува збор за Тотенхем и дека Мурињо е прв кандидат за наследник на Покетино.

Тотенхем лошо ја отвори новата сезона, па позицијата на Покетино е разнишана и двете страни сакаат да се разделат. Претседателот Даниел Леви наводно е во постојан контакт со Мурињо, кој дал согласност да седне на клупата на „спарси“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан во проблеми, Јувентус им го “мерка“ капитенот

Веќе неколку време се шпекулира дека челниците на „Бјанконерите“ се заинтересирани за дефа…