Дома Македонски спорт ПОТВРДЕНО: Македонија има огромна шанса да се пласира на Европското првенство!

ПОТВРДЕНО: Македонија има огромна шанса да се пласира на Европското првенство!

Oдлични вести пристигнуваат од Македонската фудбалска репрезентација.

Имено, УЕФА денес потврди дека Македонија ќе биде еден од носителите на ждрепката за новоформираното натпреварување, Лига на нации.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сениорската селекција на Македонија за ваквиот статус се избори со бодот против Италија и победата против Лихтенштајн, а ждрепката ќе биде одржана на 24 јануари во Лозана.

Како што веќе најавуваме ние е наоѓаме во последната, најслаба Лига Д во која и ќе бидеме носители, а тоа ни дава огромна шанса за пласман на Европското првенство 2020 година.

Да потсетиме, најпрво ќе мораме да бидеме да бидеме први во својата група, а потоа преку плеј-оф разигрувањето да стигнеме и до посакуваниот пласман на едно големо натпреварување.

Работите во нашата лига стојат вака.

Прв шешир: Македонија, Азербејџан, Белорусија, Грузија.

Втор шешир: Ерменија, Летонија, Фарски Острови, Луксембург.

Трет шешир: Казакстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта.

Четврт шешир: Андора, Косово, Сан Марино, Гибралтар.

Натпреварувањето започнува во септември наредната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Еден од отпишаните во Манчестер Јунајтед најде нов клуб, преговорите се веќе во тек

Неколку играчи до крајот на летниот преоден рок сигурно ќе го напуштат Олд Трафорд, а Манч…