Борна Соса сепак нема да игра за Германија иако тој самиот одлучи да го замени хрватскиот со германскиот дрес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова се најавуваше во текот на вчерашниот ден, а денес го потврди техничкиот директор на германската репрезентација Оливер Биерхоф.
„Добро ја анализиравме целата ситуација, за жал не е позитивна за нас. После констулација со ФИФА сфативме дека тој да настапи за Германија постојат мали шанси затоа што пред неколку месеци беше изменет статутот. Борна е интересен играч кој има огромен потенција. Наше е да му посакаме се најдобро вкариерата“, објасни Биерхоф.
Сега се чека одлуката на хрватскиот фудбалски сојуз откако Борна изрази желба за промена на репрезентациите.