Дома Фудбал Останато Потврдено: Веста за хотелите на Роналдо е голема лага!

Потврдено: Веста за хотелите на Роналдо е голема лага!

Вчера во јавноста се појави вест за наводен огромен хуман гест на Роналдо.

Веста беше дека Кристиано Роналдо одлучил два од своите хотели во Португалија да ги претвори во еден вид на болници за заразените со коронавирусот и дека тој самиот ќе ги плаќа вработените кои ќе се грижат за заразените.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Тоа беше информација која ја пренесе реномираната „Марка“, а за неа потоа пишуваа бројни светски медиуми. Сепак, изгледа некој си поиграл со Шпанците. По некое време веста од порталот на „Марка“ беше отстранета. Уште тогаш сите се сомневаа дека станува збор за лажна вест, сега тоа е потврдено и тоа од хотелот на Роналдо во Лисабон.

„Ние сме хотел. Нема да бидеме болница. Кај нас денот е како и секој други, сме и ќе останеме хотел. Новинарите цело време не бараат. Ви посакуваме се најдобро“, соопштија од хотелот.

Инаку, во Португалија засега има повеќе од 200 потврден ислучаи на коронавирусот кој влева страв и паника ширум Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Лука Модриќ го заврши поглавјето од неговата кариера во Реал Мадрид, кој го напушта како и…