Џанлуиџи Буфон се враќа на „местото на злосторството“ – во Лигата на шампионите.
И понатаму чудно звучи „Џиџи на Јувентус“ брани за ПСЖ, а дебито во Лигата на шампионите ќе го има токму во Неапол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа информација ја потврди тренерот Томас Тухел кој и испрати пофалби до искусниот голман.
„Ќе биде на голот против Лил, но и против Наполи. Секогаш кажувам дека тој е важен за нас, тој е легенда која имаше одлична кариера. Неговото искуство многу значи. Со разговори многу им помага на соиграчите“, изјави Тухел.
За италијанската легенда ова ќе биде прв натпревар во Лигата на шампионите, после оној против Реал Мадрид кога како капитен на Јувентус заработи исклучување во Мадрид.
Пореди тешките зборови кон судијата Мајкл Оливер, УЕФА му додели на Буфон суспензија од три натпревари, а таа сега истече, па Буфон нема никакви пречки да дебитира за „светците“ во Европа.