Фудбалерот на Тијанџин истакна дека постои интерес од Баерн Минхен за него.
Карло Анчелоти има свои цели, но не сака премногу да троши во овој трансфер период. Една од неговите цели е фудбалерот на Тијанцин, Алекс Витсел.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Белгискиот фудбалер кој на почетокот на оваа година се пресели во Кина кај тренерот Фабио Канаваро, изјави дека Анчелоти го контактирал овој клуб.
„Пред две недели, Карло Анчелоти го контактираше Фабио Канаваро. Ме сакаше во Баерн“, изјави Алекс Витсел.
Дали интересот за 28-годишниот фудбалер и понатаму постои, тешко е да се поверува, бидејќи Баерн ја заврши работата за доведувањето на Корентин Толисо, фудбалер кој настапуваше во Лион.