Дома Трансфер зона Постигнат договор, Џака се сели во Рома

Постигнат договор, Џака се сели во Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака е пред трансфер во Рома.

Играчот за врска на Арсенал е голема желба на Жозе Мурињо и двата клуба веќе неколку недели водеа преговори за негов трансфер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според последните информациите Рома понудила 18 милиони евра со бонуси и Арсенал ја прифатил понудата.

Џака веќе има договор со „волчицата“, па се очекува наскоро да пристигне во Рим на лекарски прегледи.

Арсенал веќе договори негова замена и за 22 милиони евра од Андерлехт пристигнува младиот играч за врска, Самби Локонга.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…