Месут Озил во Фенербахче повторно се соочува со слични проблеми какви што имаше на крајот од неговата епизода во Арсенал.
Озил беше исфрлен од првиот тим поради конфликт со тренерот Исмаил Картал. Инфромациите кои ги објавија турските медиуми се дека стратегот не бил задоволен од физичката форма на Озил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако е под суспензија Озил има намера да остане во Истанбул, а тоа го потврди и неговиот менаџер Еркут Согут.
„Месут не сака да ја отежнува ситуација, но и не сака да си замине, сака да остане во клубот до крајот на договорот кој го потпиша на три години. Ќе остане да тренира и тоа е единствено нешто поврзано со случувањата на теренот. Тажни се ваквите работи, непријатно е и за двете страни, најважно е да ја чекаме одлуката на клубот. Ако биде казнет и тоаќ е го прифатиме“, изјави агентот на фудбалерот.