Откако се дозна дека Григор Димитров е заразен со коронавирус, се појави голема паника во Задар.
Беше откажано финалето на тенискиот турнир, а беа тестирани и другите учесници на турнирот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Синоќа беа тестирани 22 лица кои беа во непосредна близина на Димитров за време на турнирот во Задар, а тројца биле позитивни.
Позитивни се Борна Чориќ, со кого Димитров играше во саботата, потоа кондицискиот тренер на Новак Ѓоковиќ, Марко Паники и Кристијан Грох, тренерот на Димитров.
Она што ги загрижува одговорните е дека Димитров исто така се дружел со децата и нивните родители и присуствувал на неколку приватни настани во Задар.
Новак Ѓоковиќ реши да не се тестира во Задар, бидејќи не чувствува никакви симптоми и ќе се јави на лекар во Белград.
Well, that was not a match. Something wasn't quite alright with Dimitrov. He chose not to shake hands rather just fistpump the umpire. pic.twitter.com/FmHDVlHpAZ
— Del?? (@Stroppa_Del) June 20, 2020