Тенискиот свет е во шок. Григор Димитров денес потврди дека е позитивен на КОВИД 19.
Тоа што загрижува повеќе е фактот бугарскиот тенисер вчера играше натпревар против Борна Чориќ во Задар во склоп на „Адриа Тур“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа денес е одложено финалето на „Адриа Тур“ помеѓу Ѓоковиќ и Рубјев кое требаше да се игра вечерва.
„Здраво на сите. Морам со жалење да ве известам дека сум позитивен на КОВИД-19! Сакам да ги известам сите оние кои биле во контакт со мене во последните денови да се тестираат. Жал ми е што ги загрозив сите со кои бев во контакт“, напиша Димитров на Инстаграм.
Димитров минатиот викенд беше во Белград и покрај на тенискиот турнир учествуваше уште на неколку приватни настани заедно со Ѓоковиќ, Домониќ Тим, Александар Зверев и многу други тенисери.