Дома Фудбал Останато После аферите, скандалите и повредите, драстично падна цената на Нејмар!

После аферите, скандалите и повредите, драстично падна цената на Нејмар!

Нејмар во последните неколку сезони во медиумите е повеќе поради случувања надвор од теренот, афери, скандали… па неговата цена на трансфер пазарот драстично падна.

Бразилецот имаше доста проблеми со соиграчите, константни повреди, а неодамна беше обвинет и за сил*вање. Поради тоа некои спонзори решија да ја прекинат соработката, како „Мастеркард“ кој ја прекина кампањата чие заштитно лице беше Нејмар. Истиот пример би можеле да го следат и „Најк“ и „Ред Бул“.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


ПСЖ е загрижен поради падот на вредноста на Нејмар од 222 милиони евра, колку што беше купен пред две години од Барселона. „Екип“ пишува дека Нејмар одиграл само 51,8% од натпреварите откако стигнал во ПСЖ, што е малку во споредба со Меси (87%) и Кристиано Роналдо (77%).

Се проценува дека вредноста на Нејмар од 213 милиони евра на почетокот на годината, паднала на 130 милиони евра во моментов.

Фактот дека нема да игра на Копа Америка поради повреда може додатно да влијае на падот на неговата цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ го сака Рашфорд, му нуди трампа на Јунајтед

Луис Енрике сака да го засили нападот во зимскиот преоден рок, а прва желба е ѕвездата на …