Дома Фудбал Англија Последниот гол на Компани надвор од шеснаесетникот: Играше за друг клуб, носеше број 10…(ВИДЕО)

Последниот гол на Компани надвор од шеснаесетникот: Играше за друг клуб, носеше број 10…(ВИДЕО)

Белгискиот дефанзивец Винстент Компани вчера во победата на својот Манчестер Сити против Лестер го постигна најважниот и најубавиот гол во неговата кариера.

„Граѓаните“ го победија Лестер со 1:0 и тоа со голот на Компани од далечина. Таа победа на тимот на Пеп Гвардиола веројатно му ја донесе титулата шампион на Англија бидејќи во последното коло Сити влегува со бод предност во однос на Ливерпул.
На навивачите на Ливерпул сигурно им е посебно криво што се работи за фудбалер кој ретко постигнува голови, а посебно надвор од шеснаесетникот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми веднаш после натпреварот започнаа со одредени анализи и стигнаа до податок дека Компани последниот гол надвор од шесанесетникот го постигнал пред 12 години кога го носел дресот на Хамбург.

Тоа е натпревар од Купот на Уефа против Бран на гости, а Компани со прецизен удар од околу дваесетина метри го матираше голманот на домаќините. Интересно е што во тоа време тој на својот грб го носеше бројот 10, а голот го прослави со сегашниот играч на Баерн Жером Боатенг кој исто така играше за Хамбург. Голот можете да го погледнете во видеото (1:15).

Интересно е што последниот шут на Компани кон противничкиот гол надвор од шеснаесетникот беше во 2013 година…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…