Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси ќе се врати во репрезентацијата на Аргентина во пријателскиот натпревар против Мароко.
Сепак фановите на Меси во Мароко ќе останат оштетени за многу работи со оглед на тоа што за овој натпревар ќе важат посебни правила што се однесуваат за ѕвездата на Барселона. Така, навивачите нема да можат да се сликаат со Меси по натпреварот, а на играчите на Мароко ќе им биде забрането да направат посериозен прекршок над играчот на Барселона.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Исто така, играчите на Мароко нема да можат да се сликаат со Меси ниту да добијат автограм. На јавноста нема да им биде познато каде репрезентацијата на Аргентина ќе пристигне, а најавено е дека Лионел Меси ќе одигра барем 60 минути. Натпреварот ќе се одигра на 26. март во Рабат на стадионот „Принц Абдула Муле“, чиј капацитет е 60 илјади гледачи.