Дома Офсајд Португалските медиуми пренесуваат: Кристиано Роналдо доби близнаци

Португалските медиуми пренесуваат: Кристиано Роналдо доби близнаци

Португалскиот ТВ канал SIC објави вест дека фудбалската ѕвезда Кристиано Роналдо доби близнаци, момче и девојче.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Матео и Ева се имињата на близнаците кои Роналдо ги доби од сурогат мајка. Тоа е тајна која Кристиано уште не ја споделил со светот, пренесува португалскиот медиум.

Децата, како што пренесува SIC, се родиле минатиот четврток.

Фудбалерот на Реал Мадрид и неговите претставници за медиумите не ги коментираа овие наводи, а британски The Sun во март пишуваше дека Роналдо ќе стане татко на близнаци кои ќе му ги роди сурогат мајка на западот од САД.

Тој веќе го има шестгодишниот син Кристиано Роналдо Јуниор. Неговото раѓање беше објавено во јули, 2010 година, преку официјалните профили на фудбалерот на социјалните мрежи.

32-годишниот фудбалер е во врска со шпанскиот модел Георгина Родригез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…