Дома Фудбал Англија Португалецот Нето го пропушта Светското првенство

Португалецот Нето го пропушта Светското првенство

Фудбалерот на Вулверхемптон, Педро Нето ќе биде опериран на скочниот зглоб, поради што нема да може да игра за Португалија на Светското првенство во Катар, соопшти денеска англискиот клуб.

Клубот oбјави дека 22-годишниот играч за врска се повредил на натпреварот од последното коло од Премиер лигата против Вест Хем (0:2).

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„По проценката и мислењето на специјалист, планирано е да се оперира. Тоа значи дека за жал тој нема да биде подготвен за претстојниот Мундијал“, се наведува во соопштението.

Нето одигра два квалификациски натпревари за Светското првенство за Португалија минатата година, откако постигна гол на своето деби на пријателскиот натпревар против Андора во ноември 2020 година.

Португалија е во групата Х на Светското првенство заедно со Уругвај, Гана и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…