Дома Фудбал Останато Поранешни фудбалери ќе седат во ВАР собата?

Поранешни фудбалери ќе седат во ВАР собата?

Поранешниот англиски судија Марк Клатенбург даде интересна идеја со која смета дека би се намалил бројот на судиски грешки во Премиер лигата.

Според Клатенбург, ако бидат ангажирани поранешни фудбалери во ВАР собата со свои сугестии можат да придонесат за подобри одлуки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Премиер лигата повторно е критикувана поради аматерските одлуки на судиите кои некогаш директно го кројат исходот на натпреварот, како што беше случај на натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул.

„Мислам дека би помогнало ако поранешни играчи седат во ВАР собата. Tие би можеле да бидат ВАР асистенти или втори ВАР асистенти.

Така би имале двајца или тројца судии во ВАР собата и еден поранешен фудбалер. Спорните ситуации ќе можат да ги решаваат со заеднички одлуки“, изјави Клатенбург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лионел Меси го продолжи договорот со Интер Мајами, ќе игра барем до 2028 година: “Тоа е неговиот дом”

Легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси (38) останува да го носи дресот на Интер Мај…