Дома Фудбал Англија Поранешниот играч на Арсенал ги разочара „топџиите“: Овој Ливерпул е подобар од „непобедливите“

Поранешниот играч на Арсенал ги разочара „топџиите“: Овој Ливерпул е подобар од „непобедливите“

Поранешниот играч на Арсенал Емануел Пети даде изјава која баш и нема да им се допадне на навивачите на Арсенал.

Кога веќе стануваше јасно дека Ливерпул ќе биде новиот шампион На Англија остана само прашањето дали може да го направи истото што и Арсенал во сезоната 2003 кога тимот предводен од Венгер ја заврши сезоната без пораз, сепак соништата на Ливерпул завршија со поразот од Вотфорд.

Пети иако е поранешен играч на Арсенал го смета денешниот Ливерпул за подобар.

„Имам голема почит кон поранешните соиграчи, но кога ќе го погледнам Ливерпул што прави овие две години…Луѓето посебно ги гледаат сега затоа што минатата година ја освоија Лигата на шампионите, но тие изгледаат исто веќе две-три години. Тоа што го прават е неверојатно, реткост е некој тим да победи на толку натпревари. И Арсенал и Ливерпул се големи тимови зза историја, но за мене овој тим на Ливерпул е нешто посебено. Тешко е да се објасни што чувствувам за тој тим на Ливерпул, но не се сеќавам дека тоа го чувстував за непобедливите на Арсенал“, изјави Пети.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

МРТ објави што ќе емитува на новиот спортски канал

Како што пред некој ден објавивме, МРТ ќе започне со емитување на четири нови канали помеѓ…