Дома Фудбал Италија Поранешниот агент на Икарди: Најлошото допрва доаѓа

Поранешниот агент на Икарди: Најлошото допрва доаѓа

Maуро Икарди овие денови е во центарот на вниманието поради случувањата во Интер.

Икарди ја изгуби капитенската лента и беше изоставен за натпреварот во Лигата на Европа против Рапид Виена.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, Икарди не сакаше слободни денови додека екипата во Австрија, па дојде на тренинг со соиграчите, кои не патуваа во Виена.

Интер, според италијанските медиуми, нема да го казни Икарди, а исто така тие сакаат да ги подобрат односите со својот напаѓач.

„Нероаѕурите“ се лути на Икарди, зашто неговата сопруга и агент Ванда Нара постојано зборува во јавност на штета на клубот, а денес се пишуваше и дека клубот поставил ултиматум до аргентинскиот напаѓач.

Денес во јавноста се огласи и Абиан Морано.

Морано е еден од клучните луѓе во кариерата на Икарди, токму тој беше задолжен за кариерата на аргентинскиот голгетер пред да го препушти на неговата денешна сопруга Ванда Нара која е изворот на сите проблеми.

Овој човек беше со Икарди кога Мауро ја градеше кариерата во Аргентина и Барселона и подоцна кога направи трансфер во редовите на Сампдорија од каде што се пресели во Интер.

Во интервју за „Калчомеркато“ Морано зборуваше за неговиот клиент и порача дека најлошто допрва доаѓа.

„Од кога Ванда се грижи за неговата кариера тој гледа поинаку на работите. Да бидам искрен очекував вакво нешто да се случи, но ќе видите дека најлошто допрва доаѓа. Во Интер се однесуваат лошо кон фудбалерот, а тоа е дака поради она што го прави Ванда во јавноста“, изјави Морано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…