Дома Фудбал Италија Поранешен фудбалер на Милан си го одзема животот поради расизам

Поранешен фудбалер на Милан си го одзема животот поради расизам

Сеид Висин не дочека да стане познато име во италијанскиот фудбал. Имено, тој ја поминал фудбалска школа на Милан, а потоа како младинец се пресели во Беневенто каде што се очекуваше да добие шанса.

За жал тој не го издржал притисокот на југот на Италија. Како позајмен играч настапуваше во Атлетико Виталик тим од Серија Д, а претседателот на овој клуб ги потврди тажните вести.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сеид оставил проштално писмо.

„Не сум емигрант, ме посвои еден пар од Ночера и тие се мои родители. Како дете секаде бев дочекуван со смеа и почит, но сега како се да се промени. Најдов работа, но морав дадам отказ затоа што дел од гостите одбиваа јас да ги послужам. Дури и правев лоши шеги на за црнците и имигрантите, за да докажам дека не сум еден од нив. Но, се плашев. Не барам да ме жалите, ниту да ме сожалувате, не можам повеќе, тоа не е ништо во споредба со животот на имигрантите кои си го ризикуваат животот за да побегнат од пеколот на Африка и искусат барем малку од она што се нарекува живот“, пишувало во неговото проштално писмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тен Хаг замина, навивачите на Јунајтед сега „удрија“ по – сопственикот!

Манчестер Јунајтед ги укина своите намалени билети за остатокот од сезоната и членовите на…