Дома Фудбал Англија Поранешен соиграч откри кој го однесе Мане на врвот во светскиот фудбал

Поранешен соиграч откри кој го однесе Мане на врвот во светскиот фудбал

Сенегалскиот фудбалер Садио Мане моментално е еден од најдобрите фудбалери на светот.

Ѕвездата на Црвените и оваа сезона е неверојатен, а она што посебно импресионира е неговиот однос надвор од теренот.

Мане е познат по неговата хуманост и добродушност. Не е човек кој ужива во луксуз и често помага на сиромашните луѓе во Сенегал.

Неговиот поранешен соиграч од Салзбург, Томас Дане откри која е најголемата причина за експлозијата на Мане.

„Секогаш беше неприметлив и мирен дечко. Кога во 2012. година пристигна во клубот беше очигледно дека ќе стане добар, но за осум години подоцна дека ќе биде меѓу најдобрите на светот, тоа сигурно не.“ – рече Дане и додаде:

„Сега е ѕвезда, а тоа стана благодарение на Јирген Клоп. Тој ја подигна неговата игра на друго ниво. Истиот човек како некогаш, но многу поквалитетен фудбалер.“

Мане игра веќе четврта сезона во Ливерпул, а во 161 одигран натпревар постигна 77 погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

МРТ објави што ќе емитува на новиот спортски канал

Како што пред некој ден објавивме, МРТ ќе започне со емитување на четири нови канали помеѓ…