Дома Фудбал Англија Порака од Џерард: Клоп заслужува статуа!

Порака од Џерард: Клоп заслужува статуа!

Утре Ливерпул го игра натпреварот против Вулвс кој ќе биде последен на клупата за Јирген Клоп.

Клоп помина девет години во таборот на „црвените“ и неговите успеси вечно ќе останат запаметени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега Џерард покажа колку го цени порачувајќи дека клубот треба да му изгради статуа.

„Ерата на Клоп е пред крајот и искрено се надевам дека ќе му се изгради статуа. Тој е клупска легенда и заслужува такво нешто, Клоп е рамо до рамо со најдобрите тренери во историјата“, изјави Џерард.

Џерард се потсети и на еден разговор со Џејми Карагер.

„Можам да кажам дека сите бевме возбудени од првиот ден кога Клоп дојде во клубот, од првата прес-конференција. Имав можност да патувам со Џејми Карагер со првиот тим на турнејата во Австралија, каде одигравме пријателски натпревар и можев да ја почувствувам таа негова енергија. Додека седев во Мелбурн си размислував – ќе платам што и да ми побараат само за да играм една година под водство на Клоп, но знаев дека тоа не е можно“, изјави Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…