Дома Македонски спорт Мак ракомет Пораз на стартот на квалификациите за женската ракометна репрезентација

Пораз на стартот на квалификациите за женската ракометна репрезентација

Женската ракометна репрезентација на стартот од квалификациите за ЕП во Франција, загуби од Шведска со убедливи 38:26.

Нашите ракометарки отворија со 2 гола предност, но серијата од 7:0 ги насочи Швеѓанките на патот кон првиот триумф во квалификациите. Првото полувреме го добија потоа со 18:13.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во второто полувреме ништо не се смени, само Шведска ја зголемуваше предноста што на крајот изнесуваше 12 позитива.

Во таборот на македонската селекција најпрецизна беше Елена Ѓорѓиевска со 9 постигнати погодоци.

Македонската репрезентација во второто коло ќе се соочи против Србија, а натпреварот е закажан за в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар веќе договорил ново засилување!

РК Вардар се подготвува со свежи имиња за следната сезона, а едно од нив е српското десно …