Играчот на Ливерпул, Наби Кеита кариерата би можел да ја продолжи во Бундеслигата.
Како што пренесува Билд, овој 26-годишен играч од средниот ред е на излезните врати во Ливерпул и наводно веќе е договорено да се врати во Лајпциг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така, тој треба да стане првото засилување за овој германски тим за наредната сезона, а се треба да биде завршено откако ќе заврши сезоната.
Клоп синоќа го понижи Кеита против Реал Мадрид и го извади од игра во 43-та минута, па јасно е дека играчот повеќе нема иднина на „Енфилд“.
Кеита ќе се врати во германскиот клуб кој во 2018 година го продаде на Ливерпул за 60 милиони евра и каде го изгради своето фудбалско име.