Дома Фудбал Покренета дисциплинска постапка против Атлетико Мадрид

Покренета дисциплинска постапка против Атлетико Мадрид

Дисциплинската комисија на УЕФА денеска покрена постапка против Атлетико Мадрид, чии навивачи се обвинети за расистичко однесување на финалниот натпревар против Олимпик Марсеј.

Тие за време на финалниот натпревар истакнале расистички транспарент и користеле пиротехника, а одлуката за казната ќе биде соопштена на 31. мај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Атлетико во финалето на ЛЕ го совлада Олимпик Марсеј со 3:0.

УЕФА исто така покрена постапка и против Марсеј, чии навивачи направиле материјална штета на стадионот, а се соочуваат и со казна поради тоа што играчите задоцниле на почетокот од второто полувреме.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дарко Велковски се враќа во Вардар, со него пристигнува и српско крило!

Екипата на Вардар денеска треба да го комплетира ангажманот на две нови засилувања, откако…