Дома Фудбал Останато Покетино добро ќе го наплати отказот во ПСЖ

Покетино добро ќе го наплати отказот во ПСЖ

Пари Сент Жермен иако ја освои титулата во Франција, сепак оваа сезона ја смета за неуспешна поради раната елиминација во Лигата на шампиони.

Француските медиуми тврдат дека Покетино сигурно ќе биде сменет и „светците“ веќе бараат нов тренер.

„Екип“ пренесува дека ПСЖ за предвремен раскин на договорот ќе му плати на Покетино отштета од 15 милиони евра.

Пари Сен Жермен ќе мора да му плати на тренерот Маурисио Покетино 15 милиони евра отштета доколку сака да го раскине договорот на крајот на оваа сезона, објави „Екип“.

Според изворот, аргентинскиот стратег нема да поднесе оставка бидејќи има договор за уште една сезона и чека да биде отпуштен.

Под водство на Покетино, ПСЖ ја освои Лига 1, Купот и Суперкупот на Франција, но беше елиминиран рано во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нереди во Париз: Навивачи на Ливерпул без влезница се обидувале да влезат на стадионот! 🎥

Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид не започна во 21 часот како…