Дома Фудбал Англија Покетино: Ако ја освоевме ЛШ ќе си заминев од Тотенхем

Покетино: Ако ја освоевме ЛШ ќе си заминев од Тотенхем

0

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, откри дека најверојатно ќе го напуштел клубот ако тимот триумфираше во Лигата на шампионите на крајот од минатата сезона.

„Спарси“ изненадувачки се пласираа во финалети каде загубија од Ливерпул со 2:0.

„Веројатно, ако резултатот беше различен, по финалето јас ќе помислев: „Добро, можеби е време да го напуштам клубот и да му дадам можност за нов дел од историјата со нов тренерски штаб“. Но по финалето чувствував дека ова не е одличен начин да се стави крај. Јас не сум човек, кој ги избегнува проблемите или тешките ситуации. Ги сакам предизвиците. Сега треба да ја вратам довербата, за да можеме да имаме повторно таква сезона. Тоа ме мотивира“, изјави Покетино

Тренерот ја прокоментира ситуацијата со Кристијан Ериксен, кој изјави дека сака да го напушти клубот.

„За време на одморот не сакав да слушам или да гледам што се случува во медиумите. Кристијан имаше лесна операција после финалето. Му дадовме опција да остане во Лондон, но тој сакаше да дојде со нас, откако медицинскиот штаб рече дека може да биде достапен“, истакна Покетино.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Елмас на дебито во Серија А ги покажа мајсториите

Елиф Елмас синоќа го имаше своето деби во Серија А и со својот Наполи оствари тешка победа…