Италијанските медиуми потврдија дека вчера на „Олимпико“ имала една непријатна ситуација пред почетокот на натпреварот помеѓу Италија и Македонија.
Поранешниот познат италијански стратег, Ренцо Уливиери доживеал здравствени проблеми и итно бил пренесен во болница каде што бил и задржан во теот на ноќта.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Докторите му ги направиле сите потребни тестови пред да му дозволат да ја напушти болницата. Најавите за среќа се дека нема ништо сериозно и тој ќе биде пуштен на домашно лекување.
Во овој момент 82-годишниот Уливиери е претседател на италијанската тренерска асоцијација, а во кариерата како тренер водеше екипи како Наполи, Парма, Болоња, Торино…