Дома Фудбал Италија Познат главниот кандидат за нов тренер на Елмас во Наполи?

Познат главниот кандидат за нов тренер на Елмас во Наполи?

Наполи има лош почеток на сезоната и не делува дека ќе ја одбрани титулата, па затоа најмногу критики доби тренерот Руди Гарсија и претседателот на клубот, Аурелиот Де Лаурентис.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гарсија имал состанок со Де Лаурентис, кој му соопштил дека мора да ги подобри резултатите зашто во спротивно ќе добие отказ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шпекулациите за неговиот отказ станаа интензивни по несогласувањата со најголемите ѕвезди Виктор Осимен (TУКА) и Квича Кварацкелија.

Како потенцијална замена за Гарсија се споменува Игор Тудор, кој би можел во иднина да го тренира македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри може да се натпреварува со Конте за селектор на Италија

Тренерот на Милан Масимилиано Алегри може да биде голем конкурент на својот колега во Напо…