Трансфер периодот во Германија ќе трае од 15 јули до 5 октомври откако тоа беше денеска потврдено од страна на Фудбалската Асоцијација на Германија.
Од федерацијата потврдија дека на 1 јули на само еден ден ќе биде отворен преодниот рок за да се комплетираат трансферите на играчите кои веќе се договорени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
УЕФА им наложи на федерациите за трансфер периодите да завршат најдоцна до 5 октомври, а последниот датум за регистрирање нови играчи да биде на 6 октомври.
Интересно е тоа што зимскиот преоден рок се очекува да биде во стандарден период, па клубовите по само два месеци ќе може да купуваат нови играчи.